Интер е следната дестинација на проблематичниот Освалдо

Парите кои италијанскиот калчо гигант Интер треба да ги заработи од продажбата на колумбискиот интернационалец Фреди Гуарин веднаш ќе бидат понудени за услугите на италијанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Даниел Пабло Освалдо.

Челниците на Саутемптон сакаат под итно да се ослободат од услугите на проблематичниот напаѓач кој пак пред неколку дена физички се пресметка со еден свои соиграчи и поради таквиот скандал на Освалдо му беше наредено во следните две недели да тренира со малдинскиот тим.

Англискиот премиерлигаш ќе успее во намерата да се ослободи од услугите на репрезентативецот на Италија, а Интер ќе успее во намерата да ангажира нов напаѓач, само доколку двата клуба најдат заеднички јазик околу побараното обештетување од 10 мил. фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.