Интер елиминиран од Лигата на Европа, натпреварувањето заврши и за Евертон, Рома и Виљареал

Интер ја заокружи очајната сезона со елиминација во осминафиначето од Лигата на Европа, откако “нероаѕурите” претрпеа пораз и на вториот меч против Волфсбург, овојпат пред своите верни навивачи со 1:2. Избраниците на Роберто Манчини уште еднаш одиграа потпросечен натпревар, што квалитетниот тим на Волфсбург знаеше како да го казни и со погодоците на Калигури и на Бентнер стигна до победата. Паласио го постигна единствениот гол за Интер, премалку за да се стигне меѓу осумте најдобри екипи во второто по ранг европско натпреварување.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

Динамо Москва – Наполи 0:0 (1:3)

Рома – Фиорентина 0:3 (1:1)

Динамо Киев – Евертон 5:2 (1:2)

Ајакс – Днипро 2:1 (0:1)

Бешикташ – Клуб Бриж 1:3 (1:2)

Севиља – Виљареал 2:1 (3:1)

Торино – Зенит 1:0 (0:2)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.