Интер и дефинитивно следна дестинација на Видиќ

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир и официјално потврди дека српскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ во следните неколку сезони ќе престојува на “Џузепе Меаца”.

“Видиќ е роден победник, вистински шампион. Многу сум среќен поради успешно завршените преговори со српскиот интернационалец. Постигнавме договор, Немања ќе се пресели во Милано. Станува збор за еден од најдобрите дефанзивци на денешницата, доволно е квалитетен, има интернационално искуство, има харизма на лидер и ќе има големо влијание врз помладите фудбалери на Интер. Сакам јавно да им се заблагодарам на раководните лица на Манчестер Јунајтед кои покажаа дека се вистински професионалци”, изјави Тохир.