Интер и Лацио со реми го затворија 16-то коло во Серие А

Синоќа беше одигран последниот натпревар во рамките на 16-то коло од Серие А.

Тимот на Лацио не успеа триумфално да се врати од гостувањето во Милано, иако на полувремето во дуелот против Интер имаше водство од 2:0.

Фелипе Андерсон беше херојот на Лацио по првите 45 минути, откако на два пати го матираше домашниот голман Хандановиќ – во 2-та и 37-та минута.

Сепак Интер не се предаде, па во 66-та минута успеаа да намалат на 1:2. Играчот за врска и еден од најталентираните млади европски фудбалери, Матео Ковачиќ постигна гол кој сигурно ќе влезе во најтесна конкуренција за гол на годината.

Доминацијата на Интер конечно беше наградена во 80-та минута, кога Родриго Паласио со својот прв гол сезонава ги постави конечните 2:2.

По ова реми Лацио се врати на третото место на табелата со 27 бодови, додека Интер со 21 бод остана на единаесетото место.

Серие А, 16.коло:

Недела :

Верона – Киево 0:1

Аталанта – Палермо 3:3

Фиорентина – Емполи 1:1

Сампдорија – Удинезе 2:2

Торино – Џенова 2:1

Интер – Лацио 2:2

Сабота:

Сасуоло – Чезена 1:1

Рома – Милан 0:0

Четврток:

Каљари – Јувентус 1:3

Наполи – Парма 2:0

Табела: Јувентус 39, Рома 36, Лацио 27, Наполи 27, Сампдорија 27…