Интер и Милан во трка за Сонг

Интер и Милан се во трка за ангажман на фудбалерот на Барселона Алекс Сонг, пренесува Мундо Депортиво.
Овој весник наведува дека тренерот на Барселона Луис Енрике не смета на услугите на Камерунецот, па поради тоа тој е слободен во изборот на нова средина.

Сонг наводно има желба да се врати во Англија, каде играше за Арсенал, а тимовите од Милано веќе ги контактирале челниците на Барселона. Проблем за Сонг за исполнување на неговата желба е што ниту еден англиски клуб не покажал интерес за неговите услуги.

Камерунецот во Барселона стигна во 2012-та година, а забележа 65 натпревари и постигна еден гол.