Интер и Наполи ги поделија бодовите во дербито од 7-то коло

Интер и Наполи го одиграа најинтересниот натпревар од 7-то коло во Серие А.

Дуелот заврши со резултат 2:2, а сите четири голови на „Џузепе Меаца“ беа постигнати во последните десетина минути од натпреварот.

„Наполитанците“ два пати водеа, но на крајот останаа без победа во судиското продолжение од натпреваропт.

Наполи поведе во 79-тата минута со голот на Хозе Каљехон, а три минути подоцна, само што влезе во игра Гуарин израмни на 1:1. Во 90-тата минута Хозе Каљехон повторно му носи предност на Наполи, овој пат од 2:1, но две минути подоцна Бразилецот Ернанес погоди за конечни 2:2 и го спаси Интер од пораз.

Тимот на Милан пак, славеше на гостувањето кај Верона со 1:3, а тренерот на “миланезите”, Филипо Инзаги, беше презадоволен од играта на неговиот тим. Тој смета дека на располагање го има најдобриот напад во Серија А, но порача дека многу нешта мора да се подобрат во дефанзивниот ред.

inzagi

„Играчите добро работеа во текот на цела недела. Мораме да ја подобриме играта во одбраната. Тимот игра добро, но одбраната е клучот“, изјави Инзаги.

Двоен стрелец во победата на Милан беше Кеисуке Хонда, но сѐ уште се чека да проработи големото засилување Фернандо Торес.

„Среќни сме по оваа победа, особено бидејќи стигнавме до неа без неколку важни играчи. Среќен сум поради играчите, среќен сум бидејќи го имаме најдобриот напад во лигата, а сега мислите ги насочуваме кон Фиорентина“, заклучи Пипо.

Серие А, 7.коло:

Недела:

Интер – Наполи 2:2

/Гуарин 82, Ернанес 90+2 – Каљехон 79, 90/

Аталанта – Парма 1:0

/Бакаје 90/

Каљари – Сампродија 2:2

/Авелар 59(п), Сау 77 – Габиадини 28, Обианг 39/

Верона – Милан 1:3

/Лопез 87 – Маркес 21 а.г, Хонда 27, 56/

Палермо – Чезена 2:1

/Диабала 33, Гонзалес 90+1 – Родригез 61(п)/

Торино – Удинезе 1:0

/Ваљарела 62/

Фиорентина – Лацио

/Ѓорѓевиќ 35, Лулиќ 90+2/

Сабота:

Рома – Киево 3:0

Сасуоло – Јувентус 1:1

Понеделник:

Џенова – Емполи

Табела: Јувентус 19, Рома 18, Сампдорија 15, Милан 14, Удинезе 13, Лацио 12, Наполи 11…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.