Интер ја освои Фиренца, Јуве е преголем залак за Киево

Единствениот саботен натпревар од 24. коло во италијанската Серија А, дерби пресметката на „Артемио Франки” помеѓу екипите на Фиорентина и Интер заврши со минимален триумф на „нероазурите” од 2:1.

Актуелниот лидер на табелата, тимот на Јувентус, денеска важи за апсолутен фаворит во првенствената пресметка против гостинскиот тим на Киево, а обврска да биде искористена предноста на домашниот терен, но во дуелот протв секогаш незгодниот тим на Сампдорија, имаат фудбалерите на Рома.

Моментално третопласираниот тим на табелата, Наполи, важи за благ фаворит пред стартот на првенствениот дуел против новајлијата во елитното друштво, екипата на Сасуоли, а шанса да настапи во вторите 45 минути најверојатно ќе добие и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев кој се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери.

Денеска на програмата: Аталанта – Парма, Сасуоло – Наполи, Јувентус – Киево, Рома – Сампдорија, Катанија – Лацио, Калјари – Ливорно, Џенова – Удинезе.