Интер лесно против Стјарнан

„Нероазурите“ одиграа рутински во првиот плеј-оф натпревар за ЛЕ.

Интер убедливо триумфираше на гостински терен кај исландскиот Стјарнан во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во Лига Европа, со резултат 3:0.

Италијанците до победата дојдоа со головите на Икарди, Додо и Д’Амброзио. Од почеток, Интер го контролираше натпреварот, но поведе неколку минути пред крајот на првото полувреме преку Икарди. Не им беше потребно многу време на „Нероазурите“ да ја дуплираат својата предност, по само три минути во вториот дел со голот на Додо поведоа со 2:0, а убедлив триумф обезбедија во финишот со погодокот на Д`Амброзио.

Натпреварот помеѓу Стјарнан и Интер е еден од двата кои се одиграни на програмата во среда во рамките од квалификациите за Лига Европа. На другиот натпревар, Днипро славеше против Хајдук со 2:1.