Интер одолеа во Торино

Во големото дерби на италијанскиот фудбал кое се одигра во саботата вечерта во рамките на 16-то коло од Серија А, Јувентус и Интер во Торино одиграа без голови, со што „нероаѕурите“ и натаму се непоразената екипа и лидер на табелата.

И покрај големата надмоќност на теренот, Јувентус сепак не успеа да слави против Интер, кој умешно се бранеше во најголемиот дел од натпреварот.

Првото полувреме мина во знакот на хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ кој имаше две големи шанси за гол, а во 45 минута ја погоди стативата. Интер, пак, својата најголема шанса ја имаше во 83 минута кога еден од ретките удари кон Џанлуиџи Буфон, на Марсело Брозовиќ мина крај стативата.

Претходно Каљари и Сампдорија одиграа 2:2, и тоа откако гостите водеа со 2:0, со головите на Кваљарела во 11 и 19 минута, но домашните спасија бод преку Раиас во 56 и Паволети во 60 минута.

Води Интер со 40 бодови, а Јувентус има 38, колку што има и Наполи но со меч помалку и со шанса доколку во недела ја совлада Фиорентина да се врати на врвот на табелата.