Интер повторно без муниција

Последниот натпревар од вонредното 30. коло од италијанската Серија А, дуелот на „Џузепе Меаца” помеѓу екипите на Интер и Удинезе, заврши и без победник и без погодоци.

Гостинот од „Фриули” ја исполни зацртаната цел, да остане непоразен на тешкото гостување во Милано, додека избраниците на Валтер Мацари повторно ги разочараа најверните фанови кои никако да се израдуваат на еден домашен триумф на Интер.

„Цела сезона немаме среќа пред противничкиот гол. Така беше и на претходниот натпревар, така е и на овој проследниот против Удинезе. Мислам дека заслуживме многу повеќе од овој еден бод кој го освоивме на последните два натпревара во домашниот шампионат. Ни фали оној последен допир, ни фали реализација, не сме доволно сконцентрирани во финишот од акциите”, изјави предводникот на „нероазурите”, Валтер Мацари.