Интер со домашниот пораз од Сасуоло може да ја загуби ЛШ

Во дуелот од претпоследното 37-коло на италијанското фудбалско првенство, Интер на својот „Сан Сиро“ загуби од Сасуоло со 1:2 и најверојатно останува без пласман во Лигата на шампионите.

На Интер му беше потребна само победа против Сасуоло, кому овој меч ништо не му значеше, но гостите со бункер игра и брзи противнапади преку Политано во 25 и Берарди во 72 минута го шокираа Интер. Рафиња во 79 минута намали, но славните „нераѕури“ не успеаја да го избегнат поразот.

Интер со овој пораз остана на петтата позиција на табелата, два помалку од Лацио кој во недела со победа кај Кротоне може на коло до крајот од шампионатот да го обезбеди четвртото место и пласманот во Лигата на шампионите.

Во сосема неважниот меч Беневенто на домашен терен ја совлада Џенова со 1:0 со голот на Дуабате во 87 минута. Беневенто веќе одамна е отпишан и важи како најслабиот тим во петте најсилни европски лиги, а ова им беше само шестата победа во 37 првенствени натпревари. Интересно е што овој тим годинава имаше подобар скор само со славниот Милан, со кој дома го освои првиот бод (2:2) дури во 15-то коло, а во 34-то коло нагости со совлада со 1:0.