Интер за 20 мил. евра го купува Фернандо Торес

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир, планира да ангажира уште еден засилување од светски калибар кое би требало да се пресели на “Џузепе Меаца” за време на летниот предоден рок.

Пред неколку дена, познатиот бизнисмен од Индонезија потврди дека во следните две сезони, дресот на Интер ќе го носи легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, а италијанските медиуми сега се убедени дека следен на неговиот список со потенцијални засилувања е најскапата аквизиција во клупската историја на лоднонскиот премиерлигаш Челзи, Фернандо Торес.

Новиот сопственик на Интер е убеден дека се потребни околу 20 мил. евра за да се осигураат услугите на брзоногиот напаѓач кој доколку ќе се пресели во Милано за време на летниот преоден рок и го потпише понудениот 3-годишен договор, во следните три сезони ќе има годишна заработувачка од 4 мил. евра.