Интерактивен тренинг за топ менаџери во индустриската зона Визбегово

Здружението на стопанственици индустриска зона Визбегово – Стенковец дејствува како непрофитно, неполитичко и непартиско здружение на граѓани.

Цели на здружението се:

• Унапредување и подобрување на условите за стопанисување на стопанските субјекти со седиште во Индустриска зона Визбегово – Стенковец

• Подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот и подигање на условите за стопанисување и живеење

• Подобрување на квалитетот на животот со обезбедување здрава и чиста еколошка средина

• Промоција на свеста за екологија и окружувањето

• Создавање на услови за меѓусебно стопанско поврзување на членовите и заеднички настап на деловните субјекти на домашниот и странски пазар

• Унапредување на меѓучовечките и меѓунационални односи

• Хуманитарна дејност како природен израз на психофизичката и духовна зрелост на членовите преку спремност за помош на другите

Своите цели и задачи Здружението ги остварува преку конкретни активности, спроведување заеднички програмски активности, проекти, трибини, дебати, како и соработка со организации, институции, амбасади и слично.

Како една од неколкуте активности организирани годинава, Здружението за сите компании од Индустриската Зона Визбегово организира бесплатна работилница за топ менаџментот, со цел унапредување на работењето, подобрување на перформансите и зголемување на финансиските резултати во секоја компанија, која е организирана во соработка со професионални консултанти од консалтинг компанијата Д2ЕМ Консалтинг од Скопје, а финансирана од компаниите членки.

Во иднина се планира низа активности во функција на сите стопанственици од оваа индустриска зона и очекуваме поддршка од државните институции и нивна иницијатива и активност за поттикнуваање на растот и развојот на економијата на сите компании од зоната.