Интересна идеја на Блиц, политичари и пејачи го уредуваа роденденското издание

Познатиот српски весник „Блиц“ кој прослави 18 години постоење, традиционално на угледни личности им ја додели улогата на уредници. Тие сериозно ја сфатиле задачата, предложиле важни теми и го подготвиле денешното издание на „Блиц“.

Политичката рубрика ја уредуваше Бојан Ѓуриќ некогашен функционер на ЛДП, општество ја уредуваше министерот за правда Никола Селаковиќ, свет амбасадорот на Италија Џузепе Манко, економија претседателот на Советот на странски инвеститори Фредерик Коен.

Темите за црна хроника ги предложил заменик директорот на полиција Богољуб Живковиќ, културните страници ги уредуваше бардот на српското актерство Драган Николиќ, забава Жељко Јоксимовиќ, а спорт Јасна Шекариќ.

Роденденското издание на „Блиц“ излезе денеска.