Интересна техника: 10 начини како да привлечете пари во својот дом

Начинот на кој се однесувате кон паричниците, па дури и положбата на метлата во домот, велат старите, може да влијае на финансиската состојба во куќата.

1. Кога позајмувате пари и барате зголемување на плата

Зголемување треба да барате во среда во текот на денот. Не позајмувајте пари на пријатели и познаници во вторник. Според верувањата, наутро треба да се дава и да се зема на заем, затоа што ако навечер правите какви било операции со парите, може да ве однесе во пропаст. Обидете се да не барате никогаш на заем, а често давајте пари на оној кој ќе побара, бидејќи така ќе го програмирате да ви врати на друг начин.

2. Платата треба да преноќи

Парите кои ќе ги заработите, за да ја сакаат вашата куќа, тој ден кога ќе добиете плата, не трошете ниту денар. Спроред верувањата, целата сума би требала да преноќи во вашиот дом.

3. Што не се позајмува на соседите

Не е добро на соседите да им се позајмува леб или сол, бидејќи финансиската сигурност може да го напушти вашиот дом и да отиде во семејството на соседот.

4. Куќни правила за полн буџет

Нема да имате пари ако засвиркате во соба и трошките од маса ги чистите со рака.

5. Кога џебовите носат пари

Џебовите од облека закачена во шкаф наполнете ги со ситни книжни пари. Парите не сакаат искинати џебови или паднати копчиња.

6. Старо верување за метлите

За да има пари во куќата, метлата треба да се постави со дршката надоле.

7. Направете триаголник од 10 денари

Во најмалата преграда на паричникот чувајте банкнота од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да постои и среќна монета. Таа пара не треба да се потроши, таа е амајлија на финансиската сигрност. Во спротивно, парите може да се налутат и да не доаѓаат во ваши раце.

8. Паричникот не треба да биде никогаш празен

Никогаш не го чувајте паричникот празен, нека има во него барем некоја пара. Сите пари во паричникот мораат со предната страна да бидат завртени кон газдата.

9. Не ја крадете туѓата среќа

Добиените пари на коцка, заработени нечесно, најдени или искинати, не носат среќа и затоа не треба да се задруваат во вашиот паричник. Поделете ги со сиромаси, или потрошете ги брзо.

10. Чувајте ги крупните пари

Во домот треба една година да чувате некоја крупна банкнота, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.