четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Интересни факти за „џинсот“ што најверојатно не сте ги знаеле

Џинсот е омилено парче облека на секоја девојка. Иако облеката изработена од џинс суштински е американски производ, никогаш нема да погодите каде бил најпрво популарен...

jeansss

Поврзани вести

Џинсот е омилено парче облека на секоја девојка. Иако облеката изработена од џинс суштински е американски производ, никогаш нема да погодите каде бил најпрво популарен…

Еве како оваа практична униформа стана многу повеќе од тоа:

16-ти век: Ова е периодот кога индиго обоените, памучни пантолони за прв пат станале популарни во градот Ним (Франција) и Џенова (Италија). Со векови наназад тие биле омилени кај морнарите.

139121: Бројот на патентот добиен од државата Невада кога шивачот Џејкоб Дејвис и претприемачот Леви Штраус во 1873-тата година прв пат го регистрирале производството на џинс, што ја зголемило нивната моќ и ги направило трајни произведувачи на униформи за рудари, земјоделци и механичари.

3: Приближен број на инчи што требало да се нарачаат за подолги фармерки во 1870-тата година. Ткаенината би се собрала кога ќе се собере, но до тогаш, луѓето свитканите ногавици ги користеле за чување тутун.

Бинг Крозби во канадски смокинг

Бинг Крозби во канадски смокинг

1951: Годината кога на пејачот Бинг Крозби му било забрането да влезе во канадски хотел затоа што носел џинс. Поради тоа, Левис создал формален изглед за него, што во целост бил изработен од џинс – канадски смокинг.

Џејмс Дин во темно син џинс во „Бунтовник без причина“

Џејмс Дин во темно син џинс во „Бунтовник без причина“

27: Толку години имал Марлон Брандо во 1953-тата година кога н осел џинс во филмот „The Wild One“ за припадникот на една мото-банда. Според тој филм е воспоставен класичниот изглед на младите хулигани.

1955: Левис го префарбал џинсот во силно сина боја за Џејмс Дин, за да ги носи во филмот „Бунтовник без причина“.

12: Толку години имал Елвис Присли кога почнал да носи спортски капути, крената јака на кошула и џинс во училиште.

1957: Годината кога Присли ја добил линјата траперки што се именувани според него. Односно тогаш Левис ги создал црните „Елвис Присли џинс“ како оние што актерот ги носел во филмот „Jailhouse Rock“.

384 900 000 $: Приходот од продажбата на картите во светот во 1978-мата за филмот Грис. За цел на промоцијата на музиката што е прославена во 1950-тата година. Сеџфилд Спортсвер го создаде Грис џинсот со логото на филм на задниот џеб. Со секое купување, купувачите добивале плакат или коцкички од пена за ретровизор.

63: Бројот на епизоди на Sonny & Cher Comedy Hour што започна да се емитува во 1971-та година. Шер и Сони помогнаа за популаризација на траперките.

15: Толку години имала актерката Брук Шилдс кога се појави во рекламата за Келвин Клајн Џинс. Брук во рекламата вели: Сакате ли да знаете што има меѓу мене и моите Калвин? – Ништо…

108: Приближен број на годините што ги имал џинсот 501 кога беа пронајдени во стар рудник во калифорниската пустина Мохаве во 1998-мата година.

Фармерки стари 108 години најдени во рудник

Фармерки стари 108 години најдени во рудник

60 000$: Ова е износот за кој на и Беј аукцијата споменатите фармерки беа продадени на анонимен купувач и колекционер во Јапонија.

6: Бројот на денови по инаугурацијата на претседателот Џорџ В. Буш кога забранил да се носи џинс во Белата Куќа.

6: Сезоната на серијата „Сексот и градот“ кога Миранда повторно ги облекува своите „фармерки за слаби“ по породувањето и недостатокот на времето за јадење.

Најчитани вести