Интересни факти за клиторисот

Вистина е дека на клиторисот во последните децении му се посветува заслужено внимание, па не  е лошо да се потсетите на некои интересни факти за овој орган.

секс

  • Педесет до 75 отсто од жените не можат да доживеат оргазам без стимулција на клиторисот.
  • Клиторисот само делумно е видлив за голо око. Во просек е долг 10 сантиметри, но три четвртини од овој орган е сокриен во женското тело.
  • Клиторисот расте во текот на целиот живот. До менопаузата може да се зголеми и двојно во однос на димензијата од пубертет.
  • Клиторисот содржи околу 8.000 нервни завршетоци, што значи двојно повеќе од врвот на пенисот.
  • Сите бебиња имаат идентично генитално ткиво во првите 12 недели од зачнувањето. После тоа, во зависност од полот, ткивта се дефинираат и стануваат пенис или вулва. Всушност, клиторисот и пенисот во суштина се исти материјали „сложени“ на поинаков начин.
  • Клиторисот може да биде во рзличен облик и димензии. Некои се сокриени под кожата, некои се истакнуваат. Потребно е време да се запознае овој сложен орган.
  • Клиторисниот оргазам може да произведе помеѓу три и 16 контракции и да тре од 10 до 30 секунди, но тоа не го исклучува фактот дека многу жени може да доживеат повеќекратни оргазми.