Интересни натпревари во Лигата на шампионите – најинтересно во Рим

Вечерва се играат првите осум натпревари од третото коло во Лигата на шампионите.

Се очекува најинтересно да биде во Рим, каде Рома ќе го пречека Баерн Минхен. Натпреварот ќе биде осиромашен поради отсуството на неколкумина фудбалери во двата табора, но сепак и во двата тима има и повеќе од доволно квалитет кој пак гарантира интересна и возбудлива средба. Во тимот на Рома ќе недостасуваат Стротман, Кастан и Кеита, додека Баерн во Рим допатува без Хави Мартинез, Бадштубер, Реина, Швајнштајгер и Тиаго, а Ноер е неизвесен откако заработил мала повреда на еден од тренинзите пред натпреварот.

Натпреварите започнуваат во 20 часот и 45 минути, со исклучок на натпреварот во Москва, кој започнува од 18:00.

ГРУПА Е:

Цска Москва – Манчестер Сити (18:00 часот)
Рома – Баерн М.

ГРУПА Ф:

АПОЕЛ – ПСЖ
Барселона – Ајакс

ГРУПА Г:

Челси – Марибор
Шалке 04 – Спортинг Лисабон

ГРУПА Х:

БАТЕ Борисов – Шахтјор Доњецк
Порто – Атлетик Билбао