Интерграцијата на земјите од Западен Балкан тема на Форумот во Хрватска

Од 10 до 12 јули оваа година, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на традиционалниот Croatia Forum, кој ќе се одржи во Дубровник. На Форумот е предвидено учество на бројни високи политички претставници на институциите на Европската Унија, министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите од регионот, како и високи претставници на Соединетите Американски Држави, Русија, Кина и Јапонија.

Овогодинешната конференција ќе биде посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, тематски поделена во четири сесии, на кои ќе бидат дискутирани актуелните состојби, перспективите и предизвиците во процесот на проширувањето на Европската Унија.

Предвидено е министерот Попоски да има свое обраќање на вториот панел на Форумот на тема “Иднината на проширувањето на Европската Унија”.

На маргините на овој настан, се очекува министерот Никола Попоски да оствари билатерални средби со хомолози од неколку земји-членки на Европската Унија.

Croatia Forum е политичка конференција во Дубровник со учество на министри и други високи политички фигури, на која се дискутираат актуелни прашања од политичката агенда на Југоисточна Европа, Европската Унија и поширокото европско соседство и трансатлантските односи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.