Интернационален џез викенд во Прилеп

Со настап на Биг-бендот на Здружението на џез музичари на Македонија, вечер во Прилеп почнува 6. Интернационален џез викенд.

Манифестацијата ќе трае три дена, до сабота, а ќе учествуваат најактуелните џез музичари од регионот.

По отворањето со Биг-бендот, на летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи и легендарниот тапанар Круно Левачиќ со својот квартет The Problems. Претходно, во фоајето на Центарот за култура во 19:30 часот ќе се одржи промоција на компакт дискот „Пет години Prilep Jazz Weekend“.

Утре публиката ќе ужива во концертите на Џон Илија Апелгрин и Мартин Ѓаконовски Трио, како и во настапот на белградскиот хип-хоп изведувач Марчело.

Фестивалот на 26. август ќе го затворат украинскиот саксофонист Maкс Кочетов и неговиот квартет, а концерт ќе има и француското трио Metacronic talking.

Годинава фестивалот нуди и богата оф-програма со промоции, изложби, концерти и перформанси. Изложба на ECM кавер фотографии на Fotini Potimia aka LAMP, A bass to bass performance на Гоце Јованоски и Дине Донеф, како и аудио-визуелен перформанс на Тома Домовски и Дине Донеф.

Сите концерти и перформанси се одржуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“ на летната сцена или во големата сала.

Повеќе информации за Џез фестивалот може да се прочитаат на www.prilepjazz.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.