Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите

Подобрување на работните вештини, стекнување на интернационални искуства и подобрување на конкурентноста на работната сила на интернационалните пазари, се главните цели на обуката што се одржа во Скопје.

На обуката присуствуваа претставници од Македонија, Бугарија, Албанија, Франција, Словачка, Чешка, Литванија и Австрија.

Волонтирањето како можност за стекнување работно искуство и вештини беше главниот фокус на обуката, што редовно ја спроведува Националната агенција за европско образование и мобилност и истата е поврзана со имплементацијата на проекти на Европски волонтерски сервис – ЕВС.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, кој е во тек, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на јакнење на знаењата и вештините и имплементирање нови образовни техники и методи за младите.

Подигнувањето на квалитетот на работната сила, особено на младите во Македонија е основа за економски и општествен развој. Нашите цели се токму во насока на обезбедување можности за стекнување вештини и знаења кои кореспондираат со високите критериуми на глобалниот пазар“,изјави Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европско образование и мобилност.

Во тек е и новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди Еразмус плус, за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Сите волонтери кои земаа учество на обуката се вклучени во проекти финансирани преку програмата ,,Млади во акција“ и ,,Еразмус +“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во наредниот период ќе продолжи со спроведување ваков тип обуки за волонтери кои ќе бидат дел од проекти финансирани преку програмата ,,Еразмус +“.