Магазин

Интернационалната колонија „Дебрца“ слави јубилеј 30 години

Интернационалната колонија „Дебрца“ слави јубилеј 30 години

Уметничката интернационалната колонија „Дебрца – 2014“, обележува значаен јубилеј – 30 години од своето постоење. Свеченото отворање е закажано на 20.06.2014 година в петок, во 13.00 часот во просториите на Основното училиште „Дебрца“, во село Белчишта, Охридско, каде што е и постојаното седиште и галерија на Уметничката интернационална колонија.

Настанот, свечениот почеток, покрај протоколарното отворање, ќе биде програмски заокружен и со изложба на галериски дела, читање поезија, промоција на монографија и слични содржини во контекст на настанот.

Уметничката колонија ќе трае 10 дена, а е предвидено да учествуваат 12 уметници од повеќе држави: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија и Германија. Нивните дела ќе останат во трајна сопственост во колекцијата на Галеријата.

Инаку, Уметничката интернационалната колонија „Дебрца– 2014“, ќе биде отворена за секојдневни посети во работното време од 20.06. до 30.06.2014 година.