Интерпол потерница по осомничениот убиец од Охрид

На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку Интерпол распиша меѓународна потрага по 30-годишниот Бојан П. од Охрид, кој е осомничен за убиство. Тој на 21 овој месец во Охрид, во хотелот „Император“, ги застрела сопственикот на хотелот Васил Р. и Ромео

Според досегашните сознанија, Бојан П. заедно со Р.С. од Охрид, се скарале со убиениот Ромео запаричен долг, по што извадил пиштол и пукал кон него. Ромео, повреден, станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот Васил, при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и Васил. По настанот, Бојан и Р.С. избегале со патничко возило „бмв“.