Македонија

Интервју во живо на Иванов со уредници на телевизии

Интервју во живо на Иванов со уредници на телевизии

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска во 15 часот  ќе одржи заедничко интервју  со главните и одговорни уредници на следните телевизии: Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат – М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, Телевизија Нова и ТВ 24 Вести.

Поканетите претставници на медиумите ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со последната одлука на претседателот Иванов – информираа од кабинетот на Иванов.

Интервјуто ќе биде емитувано во живо на првиот канал на Македонската Телевизија  и на интернет страницата www.mrt.com.mk