ФОТО: Интервјуто на Груевски за „Ди Пресе” во фокусот на грчкиот печат

Со нескриено незадоволство во Грција и натаму се следат активностите, а особено интервјуата што македонскиот премиер Никола Груевски ги дава за странските медиуми. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, нова вознемиреност кај јужниот сосед предизвика интервјуто на Груевски дадено за австриски “Ди Пресе”, за кое што известуваат голем број грчки медиуми и портали.

„Дојче веле” на грчки пишува дека со интервјуто македонскиот премиер „стрелал” директно кон Самарас.

„Македонскиот премиер Груевски упати директни „истрели” кон грчкиот колега поради стагнацијата на земјата на патот кон НАТО и кон ЕУ”, пишува во текстот на „Дојче веле”.

dw

„Нов напад кон Андонис Самарас од страна на премиерот на Македонија, Никола Груевски, во интервју за австриски ‘Ди Пресе’”, е коментарот во „Прототема”.

prototema

„Австрискиот новинар дури го праша премиерот на Македонија дали за влошувањето ( на климата) одговoрен е премиерот Самарас”, стои во текстот на весникот, а потоа се цитира и одговорот на Груевски дека Самарас е еден од двајцата креатори на проблемот.

„Креатор на македонското прашање е Самарас. Тој ја изгради целата своја кариера на спорот со Македонија”, се дел од цитатите на македонскиот премиер издвоени во „Та неа”.

tanea

Под насловот „Груевски го обвини Самарас за националистичка реторика”, економскиот онлајн магазин „Банкингњуз” коментира дека македонскиот премиер „повторно настапил провокативно.”

И „Иефимерида” и „Газета” со слични коментари , интервјуто претставувало „нов предизвик од страна на Груевски”.

Неодамна даденото интервју на Груевски за „Фајненшл тајмс” со денови се коментираше и анализираше во грчките медиуми, а истовремено беа упатени критики на адреса на грчкото МНР дека нема одговор и реакција на кампањата на македонските власти за името.