Магазин

Интригантен богаташ и сопственик на „Zara“ кој воопшто не ја сака модата

Интригантен богаташ и сопственик на „Zara“ кој воопшто не ја сака модата
Amancio Ortega during CSI Montecarlo 2012 on June 28, 2012.

Амансио Ортега (79) е втор најбогат човек на светот. Пред него на листата е само Бил гејтс. Тој почнал да работи на 13 години, а, познат е по тоа дека не сака да носи облека од „Зара“.

Ретки се жените кои во своите плакари немаат барем една работа од „Zara“, Stradivariuss“ ili „Oyshо“. Но, речиси ниту еднна не знае дека зад сите овие брендови и зад секоја маица стои еден човек. И тоa не каков било, туку човек кој се вика Амансио Ортега.

Имотот на Амансио Ортега (79) во последнава година се зголемил за импресивни 10,4 милијард долари.

Неговиот имот се проценува на 71,5 милијарди долари.

Најголемото богатство му се недвижностите

Шпанскиот милијардер поседува 59 отсто од  „Inditex“, компанија која стои зад синџирот продавници за облека од „Zarа“, Massimo Dutti“, „Bershkа“, „Pull and Bear“.  Иако „Inditex“ со 6.600 продавни ширум светот носи приход поголем од 18 милијарди евра годишно , темел на богатството на Ортега се недвижностите.

Имено, откако „Inditex“ во 2001 излегол на берза, Ортега заработил три милиони евра од дивиденда кои ги вложол во недвижности во неколку големи американски и европски градови, преку две инвестициски компании. Меѓу другото, тој е сопственик на највисокиот облакодер во Шпанија. „Torre Picassо“ во Мадрид и еден од најлуксузните американски хотели „Epic Residences & Hotel“ во Мајами.

Вратоврска носел само на венчавката

Станува збор за човек кој почнал од нула и порај тоа што ја создал една од најгоелмите деловни империи во светот, никогаш немал своја канцеларија, така што кој било од вработените може да му пријде кога сака, без најава. Вратовска носел само на венчавката, живее во станбениот блок „La Coruńe“, без посебно обезбедување.

Инаку, Ортега важи за многу таинствен деловен човек кој многу ретко се појавува во медиумите.

До сега дал само три интервјуа. Ретко заинува на одмор, а познат е по тоа што секој ден руча со своите вработени во ресторанот на компанијата.

Случка од детството, кога имал 13 години,  го натерала да донесе цврста одлука дека мора да се издигне над скромниот живот на неговите родители. Отишол во продавница со својата мајка која се обидела за деме некои раоти на вересија.

Госпоѓо, не можам да ви го дадм ова без пари. Мора да платите, и’ одговорил сопственикот на дуќанот, кој ги испратил дома со празни раце. Ортега се почувствувал толку понижен, што г напуштил училиштето и почнал да работи.

Прво продавал домашни наметки

Првата работа ја нашол во локална кројачница Гала, која и денес постои. Најголем дел од времето местел роба, но на 16 години, тој сфатил дека не може да се заработат пари од диплење алишта, туку од тоа на клиентот да му се даде тоа што гобара, и тоа што е можно побрзо. Овој заклучок ќе биде темел за компанијата која од корен ја потресе индустријата за облека. Ортега сфатил дека мора да ги контролира сите фази на бизнисот,изработка, транспорт и продажба. Имал среќа што се нашил во совршено опкружување. Сиромашните мажи во тој дел единствено заработувале на море, а жените останувале дома да спојуваат крај со крај.

Биле подготвени да работат и тешка работа за малку пари, а тоа што знаеле да работат е она што на Ортега ми требало – шиење.

Тинејџерот почнал да организира илјадници жени во еден вид претпријатие, а прво што им дал да изработуваат биле домашни наметки, кои ги продавал преку својата прва фирма, „GOA“. Ја вработил целата фамилија, брат му се грижел за деловната работа, а неговата сестра за книговодство.

Штом собрал доволно пари, во 1975 година ја отворил првата продавница. Ја нарекол „Зара“,но само поради тоа што била веќе зафатениимето кое го сакал – Зорба, според Гркот Зорба.

Поранешната сопруга и по разводот останала акционерка   

Првата продавница тој ја отвора со тогашната сопруга Росалија, која и по нивната разделба останалаеден од битните акционери на компанијата која тој ја зиградил.

На Ортега му требале 10 години да го основа холднгот „Inditex“ ( во кој денеска има 59,8 отсто од акциите)  и да ја отвори првата продавница надвор од Шпанија, во Португалија. Година дена подоцна, во 1989 година, ја отвора првата „Zara“ во Њујорк.

Последните  години неговата најмала ќерка е заслужна за дизајнерскиот дел на „Zara“ и очигледно добро и оди.
Последните години неговата најмала ќерка е заслужна за дизајнерскиот дел на „Zara“ и очигледно добро и оди.

„Inditex“ во 2001 година ја креира марката за долна облека „Oysho“, која е исто така, една од најпопуларните брендови на светот.

Ортега од првиот брак има 46 годишна ќерка Сандра и син Маркус, кој има церебрална парализа, па поради него родителите основале посебна органзација која им помага на болните деца. Сандра по смртта на мајка си, ги наследиле нејзините 7 отсто акции во „Inditex“, и станала најбогатата Шпанка. Втората ќерка, Марта, неодамна се омажи за шпански џокеј. Наводно, тогаш нејзиниот татко н папараците им платил половина милион долари да не фотографираат и да не ја вознемирваат неговата најмала ќерка на нејзиниот меден месец во Камбоџа.

Последните  години токму таа е заслужна за дизајнерскиот дел на „Zara“ и очигледно добро и оди.

На „Каритас“ донирал 20 милиони евра

Иако е плаетарно богат, Ортега не пати од статусни симболи. Во својата гаража има само еден автомобил „Audi A8 sedan“, а поседува и „The Global Express BD-700“, приватен авион, кој пред се’ го користи за работа, а не за патувања за одмор.

Единствен  пат кога се нашол на насловна страница е пред две години, кога на Каритас донирал 20 милиони евра, со објаснување дека му е тешко да гледа се’ повеќе социјални случаи во својата земја.

Во 2001 година, Ортега од „Inditex“ зема 2,4 милијарди кеш, што го употребил за купување на недвижности ( освен имот во Лондон, Чикаго, Сан Франциско и Њујорк, го купил и најголемиот облакодер во Мадрид, за 536 милиони долари и „The Epic Residences & Hotel“ во Мајами).

За цело време, во „Zara“ инсистирал на брзина. Овој синџир ги освежува полиците двапати неделно, а во рок од 48часа се што дуќанот ќе побара од централата треба да биде доставено. Дизајнерите креираат по три производи секој ден. Благодарение на тоа „Inditex“ денеска е најголем произведувач на облека во светот. Работи во 80 земји, има повеќе од 6.000 продавници  и нешто повеќе од 100.000 вработени.