Инвазија од странски инвестиции во Охрид

Наскоро Охрид ќе стане дом на голем број странски туристи. Ова ни го покажува големата заинтересираност на холанѓаните за купување на апартмани на охридското крајбрежје што за момент го размрда градежниот сектор во Охрид. Исто така, во овој дел на државата за еден месец ќе започне и изградбата на нов хотел во близина на хотелот „Горица“.

„Small Luxury hotels“ е брендот на хотелот кој за еден месец треба да започне да се гради на охридскиот брег, во близина на хотелот „Горица“. Хотелот ќе се гради на површина од 7 илјади квадратни метри, ќе има 50 соби и 120 легла. Целата инвестиција е планирано да чини 12 милиони евра, а Македонија ќе добие нов бренд на хотели кој е распространет на сите континенти во светот и кој располага со повеќе од 500 објекти.

Но, градежната инвазија во Охрид не застанува тука. Имено, холандски туристи започнаа изградба на луксузни апартмани „Атлантис“ во близина на Пештани пред една година.

Холандско-македонската групација „БНД“ изгради 36 апартмани, од кои 22 се веќе продадени на холандски државијани, кои вљубени во Охрид планираат својата старост да ја поминат во Македонија.

Atlantis-1-1512Марисца Боерс, ќерката на еден од тројцата сопственици на „БНД“ групацијата, вели дека одлуката да се инвестира токму во Охрид ја добила пред 7 години кога за прв пат била во Македонија.

„Прв пат во Македонија дојдовме пред 7 години на свадба и уште во првиот момент се вљубивме во убавината на градот, езерото…Приметив дека Охрид позитивно влијае на луѓето, ги подмладува. Климата ни е посебно погодена, а езерото ни делува како воздушна бања. Ова е местото каде можеме да се релаксираме и да уживаме во чашка лозова ракија која, како што велат мештаните, е добра како за циркулација, така и за срцето“, вели Боерс.

Никола Иванчиќ, сопственикот на агенцијата за посредување со недвижности „Наш-Ваш дом“, вели дека становите од комплексот „Атлантис“ се веќе распродадени.

„Голем дел од становите се продадени на странски државјани, претежно холанѓани, кои се на неколку години пред пензија и посакуваат староста да ја дочекаат во Македонија. Досега се продадени 22 апартмани. Интересен е фактот што прво се продадоа поголемите апартмани. Апартманите се од 70 до 140 квадратни метри, а се продаваат по 1.500 евра за квадрат“, рече Иванчиќ.

„БНД“ групацијата планира наскоро да започно со нов комплекс на стабени објекти кои ќе содржат 46 апратмани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.