Свет

„Инвазијата на Русија во Крим е окупација“

„Инвазијата на Русија во Крим е окупација“

По вонредната седница на Советот за одбрана и претседателот на Естонија, Томас Илвес изјавил дека инвазијата на Русија на кримската полуостров претставува окупација.

Тој посочил дека воените дејствија на Русија во Украина ја загрозуваат безбедноста на цела Европа. Според него, кризата ќе влијае на односот на Европа и најголемите држави во светот кон Русија.

„Со своите активности Русија ја урива својата сигурност на меѓународната сцена“, изјавил Илвес, пренесува весникот „Делфи“.