Инвестиции: 1,3 милијарди се вложуваат во патната инфраструктура

Со инвестициите од 1 милијарда и 300 милиони евра кои истовремено се реализираат во областа на патната и железничата инфраструктура јасно се гледа приоритетот на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбите во патната и железничката инфраструктура.

Во тој контекст изминативе години се изградени, реконструирани и рехабилитирани повеќе од 1.000 километри патишта а се градат и три автопатишта во должина од 132 км автопатска мрежа, што претставува или 50 проценти од постојната автопатска мрежа во државава.

Станува збор за изградбата на автопатиштата:

– „Гоце Делчев“,кој води од Скопје до Штип, со должина од 47 километри и претставува инвестиција од 206 милиони евра. Траса која повеќе од 50% е веќе пробиена и на која интензивно се работи.

-„Мајка Тереза“ кој води од Кичево до Охрид и претставува најголема инвестиција во последните 50 години од причина што изградбата на овој автопат кој е во должина од 57 километри чини 374 милиони евра.

– И новата автопатска делница Демир Капија –Смоквица, како трет автопат, кој беше продолжен да се гради и во овој период согласно утврдената динамика, со должина од 28 километри и вредност на инвестицијата од 219 милиони евра.

Паралелно со овие три историско капитални инвестиции во оваа област за потенцирање се и проектите во изведба и проектите кои се планираат за следниов период а се однесуваат на железницата кон Бугарија, градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип кон Кочани, патот од Градско кон Прилеп, експресните патишта со 4 ленти од Охрид до Пештани и автопатот од Требениште до Струга, како и планираните завршувања и на експресниот пат Велес Штип до Кадрифаково, а се очекува и да биде најден концесионер и за автопатската делница Кичево-Гостивар, која веднаш после тоа би отпочнала со градба.

Станува збор за исклучително значајни капитални проекти во оваа област кои не се реализирани никогаш досега во Република Македонија во изминативе 25 години и кои директно се насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните, подобрување на условите за инвестирање во нашата држава и значајно подобрување на економскиот раст во Република Македонија.