Инвестиции во здравството во вредност од 100 милиони евра

Огромен број на проекти се започнати и уште добар дел објекти ќе бидат започнати во наредниот период. Станува збор за сериозени инвестиции во здравствената инфраструктура во вредност повеќе од 100 милиони евра, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, во интервју за телевизија Алфа.

 Станува збор за изградба на Клиничката болница во Штип, Клиничкиот центар – Скопје, реконструкција на Клиничката болница во Битола, реконструкција на Општата болница во Прилеп, изградба на нов Ургентен центар во Куманово, истакна Тодоров.

Министерот Тодоров нагласи дека е завршена реконструкцијата на Поликлиниката Букурешт, комплетно се заврши Општата болница во Охрид, во завршна фаза е изградбата на нова болница во Козле, која во наредните месец – месец и пол би требало комплетно да биде изградена и пуштена во употреба, во завршна фаза е изградбата на ПЕТ-Центарот, а се изгради и се отвори комплетно нова Државна кардиохирургија. Воедно, нагласи дека е во тек реконструкција на Општата болница во Кичево (првата фаза, а втората фаза многу скоро ќе почне) и ќе следи реконструкција на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Се грижиме најважните инвестиции во здравствената инфраструктура да бидат опфатени во овој инвестициски циклус, а работиме и на уште неколку проекти кои ќе ги објавиме во наредниот период, истакна Тодоров.