Инвестициите во енергетиката може да се реализираат само доколку цената на струјата го овозможи тоа

Инвестициите во енергетскиот сектор во приозводството, преносот и дистрибуцијата на електрична енергија, инвестициите во гасификација и во секторот на фосилни горива, беше фокусот на денешната прва конференција на новформираното Здружение за енергетика„  кое делува во рамките на Стопанската комора на Македонија.

Планираните инвестиции и создавање на услови за одржлив развој во енергетскиот сектор можат да се реализираат доколку цената на електричната енергија го овозможи тоа односно наместо социјална, цената на струјата треба да биде реална.

Македонија и Косово, имаат наjнсика цена на струјата во регионот, по зголемувањето на цената на струјата за 12 % во Србија минатата недела.

– Во самата енергетика пазарните услови диктираат многу работи, ги диктираат цените  и секако дека тој одржлив развој е невозможен без инвестиции. Без почитување на пазарните услови и  на цените , многу е тешко да се плива во овие води. Како илустрација би навел дека самата потрошувачка на електрична енергија,  која лани според извештајот на регулаторната комисија, покажуваше дека онаа најболна категорија на домаќинства е повеќе од 44%, што значи дека голем дел од домаќинствата трошат струја за греење.  Ние овде ќе разговараме за наоѓање алтернативи, за намалување на овој процент на трошење на електрична енергија за греење“, изјави Ристо Јаневски, претседател на Здружение за енергетика при СКМ.

Од вкупната ценаа на струјата што ја плаќаат корисниците за еден KWh, државната компанија ЕЛЕМ добива 50%, државниот пресосен систем МЕПСО 6% и приватниот дистрибитер ЕВН добива 44%.

Според податоците на европската канцеларија за статистика- Евростат,  Македонија е меѓу земјите со најниска цена на струјата. Струјата е поефтина само на Косово, во Србија веќе имаше поскапување од 12%, додека Албанија има поскапа струја од Македонија.

Цена на струја за киловат час во евра во регионот 

Македонија         0,0785 евро за киловат час

Косово                  0,0552 евро за киловат час

Србија                  0,0607 евро за киловат час ( плус 12% поскапување)

Албанија              0,1165 евро за киловат час

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.