Инвестицискиот бум во ек, се менува сликата за македонските патишта

Македонија е во ек на инфраструктурен инвестициски циклус кој надминува една милијарда евра. Инфраструктурата е еден од главните услови за економски развој на државата, а токму затоа инвестицијата во новите автипати и рехабилитација на постојните патни правци е значајна, особено во моментот кога Македонија е во центарот на вниманието на странските инвеститори, анализира Лидер.

Вчера започна рехабилитацијата на автопатската делница Велес- Катланово, дел од Коридорот 10, за кој се смета дека е крвотокот на македонската економија. Се работи за целосна реконструкција на 23 километри од делница која по бројот на дневно поминати возила е една од најфрекфентните во државата.

Коридорот 10 е крвоток на македонската економија и затоа проектите за модернизација на инфраструктурата се приоритетни, потенцираше вицепремиерот Ставрески.

„Се наоѓаме во екот на едeн инвестициски циклус кој што вкупно надминува една милијарда евра од кои 790 милиони евра се само зa трите главни автопати тоа се завршување на автопатот Демир Kапија – Смоквица од Коридор 10 како и двата други од Миладиновци до Штип и Кичево до Охрид“, нагласи вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Паралелно се реконструкцијата на автопатската делница се работи и на рехабилитација на 13-те мостови од Велес до Катланово.

Експертите се согласни- Македонија е лидер во регионот по реализација на проекти со кои се инвестираат во побрз и побезбеден сообраќај.

Целиот текст прочитајте го тука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.