Инвестирани над 100 милиони евра во здравството

Општ заклучок е дека СДСМ воопшто не вложуваше во здравството кое беше пред банкрот. Со години никој не вложувал во македонското здравство или, пак, тоа е правено недоволно и незначително. Тоа создаде огромна штета и децениски застој. Но во последните години се виде дека може и поинаку и се превземаа крупни реформи во оваа област.

Општ заклучок е дека СДСМ воопшто не вложуваше во здравството кое беше пред банкрот. Со години никој не вложувал во македонското здравство или, пак, тоа е правено недоволно и незначително. Тоа создаде огромна штета и децениски застој. Но во последните години се виде дека може и поинаку и се превземаа крупни реформи во оваа област.

Па така, во тек е реализацијата на набавката на современа медицинска опрема во вредност над 100 милиони евра, што претставува најголемата инвестиција во опрема во македонското здравство во последните 20 години.

За трите клинички болници во Тетово, Битола и во Штип во набавката има Апарат за компјутеризирана томографија. На Универзитетската клиника за кардиологија пристигнати се дигитални ангиографи за интервентни кардиолошки и васкуларни процедури, машини за дишење, монитори и ехо-апарати со вкупна вредност 2. 520. 000 евра. Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија го добива линеарниот акцелератор, кој, заедно со бункерот за изолација, вреди над 3. 000. 000 евра.

Се работи на Повторно отворање амбулантите во околу 100 населени места. Се продолжува со инвестирање во реновирање на инфраструктурата на хируршките клиники во Скопје, Институтот за рендгенологија, Ургентниот центар, Клиниката за детски болести, Клиниката за хематологија, Клиниката за кардиологија, Клиниката за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за психијатрија, Републичкиот завод за трансфузиологија, Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, Институтот за белодробни заболувања – Козле и Специјалната болница за гинекологија и акушерство – Чаир

Се изврши поставување апарати за компјутеризирана томографија во општите болници во Велес, Гостивар, Охрид, Куманово, Прилеп и во Струмица. За зголемување на квалитетот, ефикасноста и достапноста на Службата за итна медицинска помош, а согласно со Стратегијата за развој на Итната медицинска помош (ИМП) во Република Македонија, спроведовме постапка и набавивме вкупно 70 нови санитетски возила за итна медицинска помош.

Се опфати набавка на два нови акцелератори во Битола и во Штип и се гради бункер за инсталирање два нови акцелератори во клиничките болници во Битола и во Штип.Интензивно се работи на ПЕТ-центарот во Македонија.