Македонија,Крими хроника

Инвеститор во Дебар се офајдил за 148 илјади евра

Инвеститор во Дебар се офајдил за 148 илјади евра

ПС Дебар против П.П.(61) и Г.Ц.(50) двајцата од Дебар, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и “бесправно градење“.

Пријавениот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи во Општина Дебар и Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од јуни до септември 2011 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститор од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план прифатиле и одобриле основен проект за градба на индивидуален стамбено деловен објект во центарот на Дебар.

Со тоа, двајцата пријавени му овозможиле на инвеститорот противправно севкупно да се стекне со имотно-финансиска корист од 148.807 евра.