Инвеститорите покажуваат интерес за Македонија

Британските инвеститори покажуваат интерес за инвестирање во финансиската зона која ќе се гради на просторот на Касарна Илинден во Скопје.

Во гостувањето на Сител, министерот Ставрески вечерва рече дека веќе се остварени првичните контакти со потенцијални инвеститори и резултатите се охрабрувачки.

Ставрески изминатите четири дена беше во Лондон на средби со претставници од банкарскиот сектор, финансиски експерти и управители на различни фондови кои можат да инветсираат во земјава.

-Ова беа директни средби. Разговаравме за можностите за инвестирање во зоната и тоа побуди интерес кај инветститорите, Овие средби се продолжение на средбите кои ги имавме претходно за време на роуд шоуто со премиерот Грувески. Сега ги продолживме тие разговори, кажавме кои услови ќе ги нудиме и слушнавме што очекуваат инвеститорите, изјави Ставрески.

Велика Британија беше одбрана за прва дестинација каде ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во финансиската зона заради тоа што според плановите, таму ќе важи британското право.

Со оглед на фактот дека ваква зона нема во регионот, Ставрески очекува дека таа ќе работи успешно.

-Секој почеток е тежок, така беше и со ТИРЗ зоните. Некои не веруваа дека проектот ќе успее, ама тие сега работат. Таму работат Џонсон мети, Џонсон контролс, Кемет, Технохозе, Ванхул. Така очекувам да биде и со финансиската зона. Почетокот нема да е лесен, додека се постави зоната и да се воспостават институциите како што треба, но ние имаме искуство, рече Стварески.

-Првичните контактни се охрабврувачки затоа што таква зона нема во регионот на Југоисточна Европа ниту во Централна Европа. Трошоците се многу ниски, пониски од Велика Британија и Луксембург, и очекувам вработување на млади луѓе со знаења во делот на правото, економијата, банкарството. Зоната ќе овозможи да се вработат многу граѓани и тие да имаат повисоки плати, вели Стврески.

За време на посетата на Лондон, министерот Ставрески имал средби и со потенцијлани инвеститори од реалниот сектор, конкретно од прехранбената и автомобилската индустрија.