Инзаги ветува успеси

Тренерот на Милан, Филипо Инзаги, беше презадоволен со освојувањето на традиционалниот Тим трофеј и го пофали клубот и фудбалерите.

Турнирот го заслужи Милан, кој со 1:0 славеше против шампионот на Италија, Јувентус, додека во дуелот против Сасуоло победи со 2:0.

„Среќен и презадоволен сум од фудбалерите, ги реализираа обврските. Бевме одлични против Јувентус и можевме и да славиме и поубедливо“, вели Инзаги.

„Добро е што тимот квалитативно се подобрува со натпреварите и ќе може да понуди одлични фудбалски претстави“, додава Италијанецот.

За најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен Кеисуке Хонда од Јапонија, кој што го што го постигна и погодокот во дуелот со тимот на Старата дама.

Во првата рунда од домашното фудбалско првенство Милан ќе настапи против Лацио.