(Видео) Инженер известил за напукнувања на мостот во Мајами пред да се урне

Инженер кој го надгледувал новоизградениот пешачки мост кој се урна на автопат во Мајами усмртувајќи најмалку шест лица се јавил во надлежното сообраќајно биро два дена пред несреќата и ги известил дека воочил напукнувања на градбата, објави споменатото биро во петокот.

Неговата порака оставена на автоматска секретарка на вработен во бирото кој не бил во тој момент во канцеларијата, вклучително и заклучокот дека пукнатините не претставуваат безбедносна закани, ниту некој пораката ја преслушал до петокот, ден по трагедијата, според соопштението.

Пешачкиот мост тежок 950 тони, долг 53 метри кој чинел околу 14,2 милиони долари кој го премостувал урбаниот автопат со осум коловозни ленти поврзувајќи го Меѓународниот универзитет Флорида и студентските домови во соседното гратче Свитвотер, се урна во четвртокот врз возила на автопатот кои стоеле во место поради црвеното светло на семафорот.

Сообраќајното биро во петокот доцна вечерта по локално време го објави записот од пораката на Дени Пет, потпретседател на приватната градежна компанија FIGG и главен инженер на градбата. Во пораката тој вели дека неговата екипи воочила некои пукнатини на едниот крај од мостот и дека се потребни поправки, но дека од безбедносен аспект не гледа проблем.

Според сообраќајното биро Пет е „главен инженер на FIGG одговорен за пешачкиот мост“ и дел од тимот „кој го проектирал мостот“. Мостот се урна само пет дена откако во шестчасовна операција бил составен над автопатот.