ИОМ: Повторно се зголемува миграцискиот прилив од Турција кон Грција

-Бројот на новодојдените имигранти во Грција, кој порано овој месец беше сведен буквално на нула, сега одново почна да расте. Во последните три дена пристигнаа по 150 лица на ден, изјави портпаролот на ИОМ Џоуел Милман на брифинг во Женева.

Според него, зголемувањето на бројот може да се должи на поубавото време или поради шверцерите на мигранти кои ја зголемиле активноста.

Од почетокот на годината преку Средоземното Море во Европа пристигнале над 180.000 мигранти и бегалци, а над 1.200 загинале или исчезнале без трага за време на своето патување, рече Милман.

Најмногу од нив пристигнале во Грција – 154.227 лица, по што следува Италија со 24.927 лица. Пристигнатите имигранти во Шпанија се 1.063, а во Кипар 28.