Ирачката армија го зазеде центарот на Баиџи

Ирачката армија вчера стигна до центарот на северниот град Баиџи во обид да ја прекине опсадата на Исламска држава на најголемата ирачка нафтена рафинерија.

Полковник од ирачката армија соопшти дека по тешките борби заземен е квартот Ал Тамим и центарот на градот. Во судирите загинале 12 екстремисти.

Припадниците на ИД поставиле бомби на улиците на Баиџи и поставиле снајперисти со цел да го спречат напредувањето на ирачката армија, тактика применета и во другите градови.

Заземените региони се на шест километри од рафинеријата во Баиџи.