Свет

Ирачки екстремисти најавуваат поход кон Ерусалим

Ирачки екстремисти најавуваат поход кон Ерусалим

Драматичната состојба во Ирак  продолжува – екстремисти од Исламските држави Ирак и Левант(ИСИЛ), некогашна гранка на озлогласниот Ал Каеда, напредуваат кон Багдад сеејќи страв и смрт, а после иречкиот главен град најавија и покорување на центарот на еврејската држава Ерусалим.

Цел свет нервозно ја чека можноста за уште една крвава војна на Блискиот исток, но и јакнеење на продорот на екстремните терористи и далеку тие територии.

Џихадистичките борци после освојувањата на градот Мосул и Тикрит се наоѓаат на 50 км од Багдад и кон него напредуваат од три правци.

Меѓутоа, терористите најавуваат дека нема да се запрат само на Ирак туку дека следен на мета им е Ерусалим, кој, според нивните тврдења имаат за цел да го ослободат. Тоа предизвика голем страв во светот, со оглед на тоа дека екстремистите наметнуваат сурови исламистички, шеријатски закони и брутално убиваат цивили. Според податоците на УН, само во една улица во Мосул се убиени најмалку 17 лица.

Бруталноста на припадниците на организацијата на ИСИЛ може да се види на пропагандните снимки кои ги објавуваат. На една од нив терористи разбиваат врати на куќи на припадници на етничката група Сунија, а потоа му го режат челото со нож додека во позадина се слуша муслиманска музика.

Најголемиот духовник на шеитската исламистичка струја во Ирак големиот ајтолах Али ел Систани го повика народот на оружје како би ја одбраниле државата.
Претседателот на САД, Барак Обама истакна дека неговата земја е подготвена да застане во одбрана на Ирак и дека е подготовен да реагира.