Ирачки Курди во помош на Кобане пристигнаа на границата со Турција

Првото засилување за ирачките Курди за помош на Курдите во сирискиот град Кобане, кои се борат против џихадистите, стигна во текот на ноќта во Турција, соопштија локалните власти во Турција, обајви МИА.

Група од 150 ирачки Курди пристигнаа на аеродромот Санлиурфа на југ во Турција, наведоа локални власти и додадоа дека и вториот контигент пристигнал по копнен пат.

Во тој контигент биле 40-на возила со тешко вооружување, јавија западни медиуми.

Ирачките Курди би требало во следните денови да стигнат во Кобане, курдски град на север во Сирија на границата со Турција каде во тек се борби против екстремистите од Исламска држава.

Турските власти минатата недела под притисок на САД, дозволија ирачки Курди да минат низ нејзина територија до Кобане иако претходно наведоа дека нема да дозволат испраќање каквибило копнени единици во тој сириски град.