Ирачкиот премиер со воздушна поддршка за Курдите

Ирачкиот премиер Нури Малики му нареди на воздухопловството да им даде поддршка на курдските Пешмерг сили во борбата против сунитските милитанти на северот на земјата.

Наредбата следела по преземањето на градот Зумар од страна на ИСИЛ и две нафтени полиња во овој регион.

Курдските медиуми јавуваат дека Пешмерг силите минатиот понеделник го освоиле Зумар, но тој во саботата бил освоен од ИСИЛ.

Исто така, ИСИЛ го зазела и градот Синјар во близина на сириската граница.

Од јуни досега, милитантите освоија големи делови од северниот дел на Ирак.

Курдите засега немаат одговорено на понудата на Малики. Претходно тие најавија дека планираат контраофанзива потови ИСИЛ.