Ирачката армија ослободи 1500 затвореници на „Исламска држава”

Ирачката армија за време на борбите за преземање на градот Хит, во западната провинција Анбар, ослободи близу 1.500 затвореници, чувани во подземен затвор контролиран од „Исламска држава”.

– При напредувањето за ослободување и прочистувањето на Хит од групата ИД, силите за безбедност открија голем затвор, изјави полковник Фадхел ал Нимрауи. – Затворот се наоѓаше под земјата, а во него имаше 1.500 затвореници, кои беа ослободени од силите за безбедност, додаде тој.

Претставник на локалните власти во покраината исто соопшти дека околу 1.500 затвореници, повеќето цивили, биле ослободени од армијата.