Ирачки суд на доживотен затвор осуди 19 Русинки, припаднички на ИД

Главниот кривичен суд во ирачката престолнина Багдад кој суди дела од тероризмот, осуди во неделата на доживотен затвор 19 државјанки на Русија, пишува весникот Al Quds Al Arabi.

Покрај 19-те жени кои се наведуваат како Русинки, за истите дела на доживотен затвор се осудени истовремено и шест Азербејџанки и четири Таџикистанки. Во Ирак неодамна беа осудени повеќе странски државјанки обвинети за поврзаност со Исламската држава, меѓу кои и десетина Германки, од кои четири малолетнички.

Обвинетите во судницата комуницирале со судијата преку преведувач

„Не знаев дека сме во Ирак. Со мажот и децата тргнав во Турција каде што планиравме да живееме, а тогаш одеднаш сфатив дека сме во Ирак“, изјавила една од обвинетите, а и другите го преземале овој аргумент.

По ослободувањето бастионот на терористите во Таљ-Афара, во северната провинција Најнава, жените на исламистичките борци задно со децата им се предале на единците на курдските борци „Пешмерга“, пишува Al Quds Al Arabi.

Судијата изјавил дека една од нив, којашто весникот ја именува како Маријана, била христијанска којашто заедно со сопругот се преобратиле во ислам. Другите, пак, отсекогаш биле муслиманки.

„Сега за пресудите ќе ги известиме нивните родители“, изјавил за агенцијата AFP, руски дипломат кој го следел судењето. На пресудата можна е жалба.

Според официјалните податоци на руските власти, од летото 2017 година до денес, 73 деца и 24 жени се вратени од Ирак и Сирија во Русија. Според руското министерство за надворешни работи, во моментов има 50 до 70 жени, за коишто се претпоставува дека имаат руско државјанство, но оти тоа може да биде проверено и да бидат идентификувани само по првата пресуда. Многу од нив намерно ги уништиле или ги загубиле во воените дејствија своите патни исправи.