Ирачките сили ги заземаа и последните курдски позиции во Киркук

Ирачките сили ја преземаа од курдските борци и последната зона којашто овие ја контролираа во со нафта богатата покраина Киркук, по интензивните судири, а истовремено САД повикуваат на „смирување на ситуацијата“.

Заедничката оперативна командата којашто ги обединува сите ирачки безбедносни сили, објави изминатата ноќ дека „повратена е контролата над Алтун Купри“, подрачје со 36 села кои се протегаат на површина од 520 просторни километри, а се населени со мешано население, покрај Арапи има и 56.000 Курди и Туркмени.

Американската дипломатија изрази „загриженост“ поради насилствата на северот од Ирак, кои избувнаа по одржувањето на референдумот за отцепување на автономната покраина Ирачки Курдистан и откако водството на ирачките Курди се распоредија на позициите кои до 2014 година и офанзивата на џихадистите од Исламската држава ги држеше ирачката армија, во Киркук на кој Курдите велат дека полагаат право. Станува збор за покраина која е богата со нафтоносни полиња. Вашингтон побара од ирачката војска да ги ограничи операциите во близина на етнички мешаниот град Киркук.

Размената на оган со минофрлачи и автоматско оружје беа продолжени до длабоко во ноќта кон саботата, но „ирачките сили успеале да изведат напад и да го истакнат ирачкото знаме на Алтун Кури“, изјавил за AFP неименуван функционер од безбедносните сили во Киркук. Во текот на судирите бил убиен и генерал на курдските борци „пешмерги“, Гази Долемири.

Споменатата, претежно земјоделска зона, има стратешко значење бидејќи е сместена на подеднакво растојание меѓу градовите Киркук и Ербил, главниот град на покраината на ирачки Курдистан, на границата меѓу двете покраини. Киркук е под управа на централната власт во Багдад, додека во Ербил е седиштето на власта на ирачки Курдистан, кој од 1991 година има автономија, којашто беше проширена во 2005 година, а властите во септември годинава организираа референдум за самостојност.

Преку оваа зона се одвива трговската и туристичка размена меѓу Курдистан и остатокот од ирачката територија.

„Со цел да се избегнат недоразбирањата или нови судири, бараме од централната власт да ја смири ситуацијата ограничувајќи ги движењата на сојузните вооружени сили во споменатите зони“ и да презема исклучиво движења „усогласени со регионалната влада на Курдистан“, побара во изјавата портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хетер Науерт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.