Ирачките сили ја преземале контролата речиси во целиот Мосул

Ирачките безбедносни сили ја потиснале ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава речиси од целата територија на вториот по големина град во земјата Мосул, освен 12 квадратни километри, изјави во вторникот воениот портпарол откако авионите над градот фрлиле летоци со кои на цивилното население му се порачува дека битката набрзо ќе биде завршена.

Џихадистите во моментов контролираат само неколку окрузи во западната половина од Мосул, вклучително и старото градско јадро.

Ирачката централна влада во Багдад сака да прогласи победа до почетокот на светиот месец Рамазан, кој треба да започне на 27 мај, дури и доколку во стариот град останат ткн џебови на отпорот, наведуваат воените команданти.

Портпаролт на меѓународната коалиција предводена од САД, којашто им дава поддршка на копнените операции на ирачките сили помогнати од шиитските милиции, изјави дела непрејателот е целосно опколен во Мосул, како и дека во тек се операции за елиминација на неговите борци и ресурси. „Непријателот е на работ од целосен пораз во Мосул“, беше кажано на прес-коференцијата во Багдад.

Мосул беше заземен од Исламската држава во нејзината ненадејна офанзива во летото 2014 годна кога освои големи територии во Ирак и во соседна Сирија на коишто го прогласи својот „калифат“. Операцијата за повторно преземање на конролата врз градот започна во октомври 2016 гоина, а во мај годинава го ослободија источниот дел од градот поделен на два дела со реката Тигрис.