Ирачките сили во офанзива на последното упориште на ИД

Ирачките безбедносни сили започнаа во саботата офанзива на Рава, последното упориште на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД), и го доведоа самопрогласениот калифат на работ од целосно уништување.

Заземањето на градот Рава ќе претставува крај на калифатот кој џихадистите го прогласија во летото 2014 година откако со ненадејна офанзива заземаа огромни пространства од Ирак и од Сирија, во намерата да го возобноват историскиот средновековен калифат кој се простирла од Ирак преку Сирија до Либан.

Сириската армија во четвртокот прогласи победа над Исламската држава по освојувањето на последното важно џихадистичко упориште на границата со Ирак. Но во саботата сириската војска и нејзините сојузници сѐ уште водат борби со џихадисите во пустинската област околу градот Абу Камал, последниот град во кој делови држи Исламската држава во Сирија.

Две ирачки пешадиски дивизии и борци на локалните сунитски племиња учествуваат во офанзивата на гратчето Рава и околината на границата со Сирија.