Ирачките власти објавија дека го ослободиле Мосул од ИД

Ирачкото министерство за одбрана објави во четвтокот дека од рацете на ултрарадикалната сунутска групација Исламска држава (ИД) целосно е ослободен градот Мосул, кој досега важеше за нејзиното најглемо урбано упориште во Ирак, јави телевизијата Sky News Arabia.

„Исламската држава повеќе не контролира ниеден реон во Мосул. Милитантите немаа друг избор освен да капитулираат. Присуството на Исламската држава во Ирак е завршено засекогаш“, го цитира телевизијата соопштението на ирачкото министерство за одбрана.

„Псевдодржавата се урна: ослободена е џамијата ал-Нури“, објави на титлот ирачката телевизија којашто директно пренесуваше снимки од џамијата како над неа се вее ирачкото државно знаме. Засега нема никакви коментари, а се емитува ирачка национална музика.

Заземањето на Големата или ал-Нури замија во Мосул, односно нејзните остатоци, претставува симболична победа за ирачките сили зашто од таа средновековна џамија челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдад, во летото 2014 година го прогласи „калифатот“ на големите тероритории во Сирија и во Ирак коишто ги заземаа сунитските џихадисти со нивнат ненадејна офанзива.

На 22 јуни џихадистети ја кренаа во воздух оваа џамија и нејзиниото минаре, додека ирачките безбедносни сили се приближуваа кон неа во операцијата за ослободување на западните делови од Мосул, кој дефакто служеше како главен град на Исламската држава.

Покрај џамијата од XII век беше уништено и познатото накосено или „грбаво“ минаре, кое дотогаш ја симолизираше власта на терористите. Тогаш владата во Багдад објави дека тоа претставува признание на сопствениот порази од страна на џихадистите.

Телевизијата Sky News Arabia, повикувјаќи се на својот дописник, тврди дека во редовите на Исламската држава деновите се случувал раскол, а во борбите во областа на џамијата учествувале само пет милитантни групи.

Телевизијата Al Mayadeen објави дека околу 500 бунтовници биле заробени додека се обидувале да се повлечат од историскот градско јадро на Мосул, кое речиси една седмица беше опколено од ирачките сили.

Операцијата за ослободувањето на вториот по големина град во Ирак се одвиваше од октомри 2016 година, и во неа ирачките безбедносни сили имаа копнена поддршка од шиитските и од некои сунитски племенски милиции, како и во воздушна поткрепа од меѓународната коалиција предводена од САД. Во текот на овој период Мосул, кој порано имаше околу два милиони жители, го напуштиле над 862.000 лица.

процените на ирачките власти, за обновувањето на разорениот град ќе бидат потребни најмалку пет години и повеќе милијарди долари. Во текот на борбите целосно се уништени аеродромо, железничката станица и универзитетот.