Ирак:Исламистите се поблиску до создавање на емират

Ирачката доминантно шиитска влада на премиеро Нури ал-Малики и денес е парализирана и неспособна да пружи адекватен одговор на предизивик0т кој пред нив го исфрлија исламските екстремисти, окупирајќи за само една недела голем простор од Ирак кој е населен со сунити.

Во рацете на организацијата Исламска држава Ирак и Левант – која заговара создавање на исламистичка држава на териториите на неколку сегашни земји – паднаа големи градови Мосул, Тикрит, но и полициски и воени бази, бидејќи ирачките сили на безбедност ги зафати расеаност.

Како што оценува Асошиејтед прес (АП), нова реалност на теренот донесува најголемата закана за стабилноста на Ирак,откако се повлекоа американските трупи 2011 година и ја втерува земјата во амбис во кој таа ќе биде поделена на сунитски, шиитски и курдски зони. На премиерот Ал-Малики му е нанесен тежок удар.

Таканаречената Исламска држава Ирак и Левант, вчера соопшти дека тргнува кон Багдад, здружена со поддржувачите на убиениот ирачки лидер Садам Хусеин, како и на други незадоволни сунити.

Огласувајќи своја победа на сите зони, милитантните екстремисти, блиски до Ал Каеда, најавиле воведување на шеријатскиот закон во Мосул, вториот најголем град во Ирак и на други освоени територии.

Мосул е освоен во вторникот, додека Тикрит падна во средата ннавечер. На северот од Ирак, курдските сили на безбедност го искористија безбедносниот вакуум, па во етнички мешовитиот град Киркуку завземаа воздухополовна база и други воени објекти кои ги напуштила ирачката армија.

Од една голема ирачка воздухопловна база на сунитска територија северно од Багдад одлетале три авиони полни со Американци, кои се евакуирани.

Германија побарала од своите граѓани веднаш да ги напуштат деловите на Ирак вклучувајќи го и Багдад.

Барак Обама рекол дека на Ирак ќе му биде потреба поголема помош од Америка, но не прецизирал каква помош е спремна да понуди.

Ирачкиот премиер Ал-Малики се обидел да го убеди парламентот вчера да прогласи внредна состојба, но немале кворум. Вонредната состојба нему и на неговата шиитска влада би им пружило поголеми овластувања.

Во Тикрит, родниот град на Садам Хусеин, припадниците на Исламската држава на Ирак и Левант истакнале постери со ликот на покојниот диктатор, како и неговиот земник Изет Ибрахим ал Дури, кој во 2003 година побегна пред американската инвазија и никогаш не е фатен.

Главните сили во Тикрит седа се припадници на организацијата на Ал-Дури Армијата Накшабанди, како и поранешните членови на партијата на Садам, Баас, рекол еден жител од овј град.

АП укажува дека главниот град Багдад со својата голема шиитска популација ќе биде многу потежок залак отколку териториите кои паднале во рацете на екстремистите.

Тие засега во нивни раце ги држат сунистките територии и поранешните упоришта на сунитските бунтовници каде што народот веќе е отуѓен од владата на Ал-Малики а народот го обвинува премиерот за дискриминација и малтретирање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.