сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 0

Ирак најави нова фаза од операцијата за ослободување на Мосул од ИД

Ирачките власти денеска најавија дека по двонеделна пауза започнала нова фаза од операцијата за ослободување на градот Мосул од џихадистичката група Исламска држава (ИД). 

мосул

Поврзани вести

Во соопштението се посочува дека припадници на ирачките специјлани сили, на редовната арнија и на полицијата, поддржани од воздушните напади на силите на антиџихадистичката коалиција предводена од САД, почнале да напредуваат кон пет населби на Мосул.

Офанзивата на ирачките сили и нејзините сојзуници за потиснување на ИД од Мосул започна на 17 октомври, но напредувањето одеше со побавно темпо од планираното поради лошите временски услови и силниот отпор на џихадистите, кои притоа користат и цивили како жив штит од нападите.

Како што јави ТАСС, во операцијата, покрај припадници на ирачката армија и полиција, се вклучени и борци на неколку шиитски паравоени формации и на силите на ирачките Курди – пешмерга.

Во текот на целата операција тие имаат воздушна поддршка од авионите на антиџихадистичката колаиција, кои ги бомбардираат позициите на борците на ИД во Мосул и неговата околина.

Најчитани вести